Прв пат од 19 век смена на тронот?

Кина се повеќе се приближува на САД

 |  инфодеск  | 

Кина се повеќе и се приближува на САД и наскоро би можела да ја тргне од тронот како најголема светска економија, прв пат од 19 век, покажуваат податоците од Светската банка.

„САД се и понатаму најголема светска економија, но Кина се повеќе им се приближува. Индија е сега трета по големина светска економија затоа што ја престигна Јапонија, наведува Светската банка, на основа на студијата заснована на податоците за националните економии од 2011, пренесува агенцијата AFP.

Организацијата за економска соработка и развој (OECD) со анализа на податоците дошла до исти резултати.

„Три најголеми светски економии се САД со 17,1% на глобален БДП, потоа Кина со 14,9% и Индија со 6,4%, наведува OECD.

“Членките на OECD во 2011 произведувале 50% од светскиот БДП, во однос на 60% од 2005 година, а големите економии во развој, Кина, Индија, Индонезија, Русија и Јужноафричката република, сочинувале 30% од светскиот БДП во однос на 20% од 2005“, наведува OECD.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top