Судот во Италија ја отфрлил жалбата на славниот дизајнерски двоец Dolce&Gabbana.
Доменко Долче и Стефано Габана се обвинети за затајување на данок и осудени на една односно шест месеци затвор. Бидејќи казните се изречени под двегодишниот минимум сепак тие ќе мора некое време да бидат во вистински притвор, пишува Business of Fashion.
Дизајнерите, кои компанијата Dolce&Gabbana ја основале пред 28 години, жестоко ги негирале обвиненијата и ги нарекле апсурди.
50 годишниот Доменико и 54 годишниот Стефано беа обвинети поради продажбата на своите брендови “D&G” и “Dolce&Gabbana” во Луксембург во 2004 година за да го избегнат плаќањето на данок во Италија, која има една од најголемите даночни стапки во светот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град