Заздравување на европската економија

Зголемување на профитот на Волксваген

 |  инфодеск  | 

Најголемиот европски производител на автомобили, групацијата Волксваген, забелажала раст на профитот во првиот квартал од 22% во однос на истиот период  лани, најмногу благодарение на заздравувањето на пазарот за автомобили во Европа.

VW групацијата во првите три месеци имала оперативен профит од 2,9 милијарди евра, што е повеќе за 2,74 милијарди колку што прогнозирале аналитичарите во анкетата која порано ја спроведе Reuters.

Тоа е многу поголем резултат во споредба со првиот квартал во 2013 година, кога групацијата имала заработка од 2,3 милијарди евра.

Благодарение на заздравувањето на економијата на европскиот пазар, Ауди и Порше стигнале до рекордни продажни резултати. Така, продажбата на Ауди која во првите три месеци испорачала 412.850 автомобили, пораснала за 11,7% во однос на истиот период лани, додека Порше со 38.700 продадени автомобили забележал скок од 4,5% на годишно ниво.

VW очекува дека групацијата во 2014 година ќе има раст на продажбата и дека на пазарот ќе испорача нешто повеќе од 9,7 милиони автомобили, колку што е продадено ширум светот во 2013 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top