Неморални холивудски понуди

Ова се само некои од неморалните понуди кои ги доживеле

 |  инфодеск  | 

Ако се суди спрема пишувањата на светските медиуми, ниту на славните патот до успехот, често не е нималку лесен. Горко искуство наводно имала актерката Хелен Мирен кога режисерот Мајкл Винер во 1964 година и рекол да се прошета и заврти пред него за да ја види подобро, како манекенка на писта.

„Бев бесна како рис“, рекла Хелен. Режисерот ја демантирал нејзината приказна и додал дека е нејзин голем обожувател и дека и се восхитува, но тврди и дека не ја терал да парадира пред него.

Шарлиз Терон имала 19 години и почнувала во светот на филмот кога еден режисер ја повикал на аудиција.

„Чудно беше тоа што аудицијата беше во сабота кај него дома. Штом дојдов до куќата сфатив за што станува збор и му реков дека одбрал погрешна девојка“, рекла во една прилика Шарлиз.

Гвинет Палтроу раскажала колку нелагодно завршила една нејзина аудиција.

„Една од моите први аудиции заврши многу нелагодно. Завршивме со работа и режисерот ме повика аудицијата да ја продолжиме во неговата спална соба. Се шокирав и заминав. Сфаќам зошто девојките, кои немаат врска во светот на филмот, мораат да спијат со некој лигав или нема да успеат“, вели Гвинет.

Актерката со блескава кариера, Сузан Сарандон, исто така имала проблеми со неморални понуди.

„Наместо да ги процени моите актерски способности, еден режисер ме истурка во својата работна соба, ме фрли на работната маса и сакаше секс. Тоа беше навистина гнасно и не се заврши задоволително ниту за мене, а ниту за него“, вели Сузан.

Незгодни средби Меган Фокс имала со водечки луѓе на Холивуд кога се прославила.

„Ситуација во која запознавате некој постар, успешен маж, ѕвезда и се радувате на средбата, а на крајот се се сведува тој да ве малтретира и третира како парче месо затоа што мисли дека тоа го може. Тогаш сфаќате колку е беден“, рекла Меган.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top