Некој ја премолчува истрагата

Ова е исчезнатиот малезиски авион

 |  инфодеск  | 

Го пронајдов малезискиот боинг 777, сигурен е искусниот пилот Мајкл Хобел (60). Пилотот од Њујорк, во интервју за локалната телевизија WIVB открил дека интензивно трагал по авионот со TomNod, веб страна која по исчезнувањето на авионот отворила посебен сервис на кој обичните корисници на интернет можат да ги пребаруваат сателитските снимки и да забележуваат нешто што би било сомнително . TomNod ветил дека локациите кои се најмногу означени ќе ги прати на истражителите со цел да им ја олесни работата во потрагата на авионот.

Пилотот Хобел, тврди, се шокирал кога го здогледал леталото како лежи на дното на океанот, во близина на североисточниот брег на Малезија, западно од Тајланд. Напомнува,  дека ги споредил димензиите на објектот кој го воочил со спецификациите на самиот боинг777 и утврдил дека се идентични.

Новинарот во интервјуто го прашал дали постои можност да станува збор за ајкула, на што пилотот му одговорил дека тогаш тоа е ајкула од 64 метри.

TomNod, освен што нуди на корисниците да ја означат локацијата, има опција и да се даваат коментари на тие ознаки, односно да изразат несложување со можноста таа ознака да не е веродостојна. Хобел вели дека досега не добил ниеден негативен кометар.

За сето тоа Хобел ги известил Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB) и FBI, но наишол на ѕид на молчење.

Во меѓувреме, роботската подморница Bluefin21го пребара комплетното подрачје околу местото каде пред неколку недели се појавија сигнали слични на оној од црната кутија. Пребарувањето сега влегува во нова фаза, која ќе се концентрира на чешлање на дното на Индискиот океан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top