Слугинката Елизабета Каламер (89) од Австрија била една од 22 девојки кои работеле за познатиот диктатор Адолф Хитлер, а решила по 71 година да проговори за тајните на животот од резиденцијата во Бергоф каде била вработена.
Елизабета се потсетува дека далечната 1943 година случајно видела оглас во весниците каде се бара слугинка. Она што е интересно, нигде не било наведено дека нејзиниот иден газда ќе биде токму Хитлер, бидејќи во огласот не било напишано дека токму тој е оној на кого му треба помош во резиденцијата.
Познато е дека малку се знае за начинот на живот кој го водел Хитлер и многу ретко се спомнува каков бил неговиот начин на исхрана.
Елизабета открива дека Хитлер имал проблеми со слезината и дека лекарот му препишал строга диета, на која му било тешко да се придржува бидејќи многу сакал слатки.
Таа наведува дека диктаторот често крадел колачи и ги носел во својата соба затоа што не можел да живее без нив.
Елизабета открива дека Хитлер не разговарал со персоналот и дека им било претено со тешка казна ако некогаш јавно проговорат за тоа што се случува во Бергоф палатата.
На персоналот им било забрането да му приоѓаат, а да му се обратат можеле само оние со долг стаж во палатата.
Таа се потсетува дека Хитлер многу сакал да пие чај од порцелански шољи. Еднаш случајно скршила една и била казнета неколку дена.
Интересно е дека Ева Браун се дружела со сите вработени и се претставувала како газдарица иако не била официјално мажена за Хитлер.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град