Конечно потклекна и тој

Прогласена за најубава адвокатка во Лондон

 |  инфодеск  | 

По бракот со Талиа Балсам, кој траеше од 1989 до 1993 година, Џорџ Клуни(52) рекол дека тој не требаше да биде оженет во тој момент од животот.

“Не мислам дека бев чесен спрема Талиа. Не и дадов чесна шанса”, рекол тогаш холивудскиот заводник. Во 2007 година рекол дека никогаш нема да се ожени, но се чини дека Џорџ конечно “созреал” за брак.

Близок  извор на актерот, за часописот People, открил дека Клуни ја запросил својата девојка, британската адвокатка Амал Аламудин(36).

“Џорџ и Амал не зборуваат дека се вериле, но не се ни трудат тоа да го скријат. Мислам дека сакат на луѓето да има стават до знаење дека мислат да останат долго заедно”, рекол изворот.

Портпаролот на актерот, гласините за веридбата, не ги потврдил ама ниту ги демантирал, само рекол дека не смее да го коментира приватниот живот на актерот.

Вереницата на Џорџ Клуни е британска адвокатка која се занимава со човекови права и цивилни слободи. Специјализирана е за меѓународно право, а дипломирала на правниот факултет во Њујорк. Студирала и на Оксфорд, а течно зборува француски и арапски јазик. Тесно соработува со ОН, работи како советничка на посебното конзуларно претставништво на ОН во Сирија. Моментално е правна советничка и на основачот на Викиликс, Џулиан Асанж, кој моментално избегнува екстрадиција во Еквадорската амбасада во Лондон.

Напишала неколку книги за меѓународно право, а прогласена е и за најубава адвокатка во Лондон

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top