Имиња кои се забранети со закон

Со закон забрането e давање на одредени имиња на децата

 |  инфодеск  | 

Во некои земји како Италија и Шведска забрането е да се дава име поради кое детето може да биде изложено на потсмев и срам.

Anderson

Презимиња кои треба да се во служба на име не се дозволени во Германија, како и имиња на објекти или производи. Германците треба да заборават да му дадат име на детето како Тобис, Квинс, Тејлор а истовремено мора да бидат специфицирани, односно да се знае дали се работи за женско или машко име.

Bear (мечка)

Во Малезија не може да му се даде име на дете по некое животно, овошје или зеленчук. Тоа е забрането со закон.

Carolina

Имиња кои содржат буква C не можат да се даваат на Исланд затоа што во нивната абецеда не постои таа буква. Од 1991 година, Исландскиот одбор одлучува дали името кое содржи буква С е прифатливо.

Duke

На Нов Зеланд е забрането на децата да им се даваат имиња кои би можеле да навредат поединци на одредена група. Забранети се на пример сите имиња кои означуваат некоја титула – Prince, Princess, King, Major, Knight…

Sandy

Alice, Sandy, Laura и Linda се забранети во Саудиска Арабија, бидејќи спаѓаат во категорија на имиња кои навредуваат верски чувства. Исто така е забрането и името Маја (Маya).

Mona Lisa и Tom

Mona Lisa е забрането во Португалија поради некакви причини, додека името Том е исто така забрането бидејќи имињата во Португалија мораат да бидат традиционални, потполни и не смеат да се унисекс.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top