Кога келнерката Кристина С. служела еден брачен пар во ресторан во Њу Џерси, не ни сонувала дека само по неколку разменети реченици толку ќе и ја разубави вечерта на начин со која се враќа вербата во луѓето.
Додека парот нарачувал вечера, на зглобот од келнерката забележале дека има истетовирано шепа од куче. Ја прашале дали има милениче. Одговорот кој им го дала, толку ги разнежил што решиле да и помогнат.
Имено, кучето од Кристина во тој момент се наоѓало во болница каде го оперирале бидејќи проголтало пластично топче. Хируршкиот зафат бил единствен начин да му се помогне, но постоел еден проблем…
За Кристина биле проблем финансиските средства за таа операција која не можела да си ја дозволи. Не знаела како да ја плати, па им се доверила на гостите.
Погодени од нејзината приказна, одлучиле да и помогнат. На сметката која чинела 80 долари и оставиле неверојатна напојница од 1000 долари. Кристина занемела и во моментот не сакала да ја прими помошта, но мажот инсистирал.
Во солзи ги прегрнала и ги испратила од ресторанот и на разделбата рекле дека ќе се молат за здравјето на кучето, чија операција за среќа поминала добро.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град