Нуркачите, кои го пребаруваат потонатиот јужнокорејски траект, пронашле во кабина 48 девојчиња, но извлекувањето на телата е отежнато од повеќе причини, соопштиле денес јужнокорејски претставници.
Девојчињата се откриени со појаси за спасување во кабина која може да прими максимално 30 лица, што укажува дека патниците се собрале во иста просторија кога траектот почнал да тоне, пренесува CNN.
Нуркачите се соочени со разни проблеми, од слаба видливост до тоа што разни предмети кои плутаат им прават проблеми при барањето.
Некои врати на траектот не можат да се отворат поради притисокот па тие ги кршат прозорците за да дојдат до одредени делови на бродот.
Извлекувањето на телата на девојчињата е отежнато и поради појасите за спасување, и тие мораат прво да го тргнат појасот па потоа да ги извлекуваат безживотните тела.
Работата на нуркачите ја отежнуваат и силните струи кои се појавиле така што тие не можат да останат долго под вода.
Од 476 патници и членови на екипажот, 399 биле средношколци и професори кои оделе на излет. Потврден е бројот на жртвите кој изнесува 162 лица, додека 140 се водат за исчезнати, а се верува дека нивните тела останале заробени во траектот кој се превртил во сеуште неразјаснети околности.
Капетанот и 11 членови на екипажот се во притвор.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град