Неверојатно но вистинито

Размислувал за продажба на пребарувачот

 |  инфодеск  | 

Основачот и извршен директор на Гугл, Лари Пејџ, за малку во 1997 година ќе го продадел својот пребарувач за само 1,6 милиони долари.

Гугл денес е еден од најголемите и најпознати компании во светот која својата нагорна линија во успехот ја започнала од најобична гаража. Но по се изгледа, Гугл би можел лесно да не биде она што е денес а приказната да е сосем поинаква. Имено основачот и нејзин извршен директор, Лари Пејџ, во 1997 година размислувал за продажба на компанијата.

Bussines Insider објавил досега нераскажана приказна за големото враќање на Лари Пејџ, каде е спореден со Стив Џобс. – Двајцата биле извршни директори на компаниите кои ги основале (Пејџ го основал Гугл заедно со Сергеј Брин) па по некое време морале да ги напуштат тие позиции, за да по извесно време откако „созреале“ да се вратат на челните позиции на Ејпл, односно Гугл.

Меѓу бројните интересни податоци за деталите на животот на Пејџ, посебно е издвоен деталот каде Пејџ сакал да го продаде пребарувачот за 1,6 милиони долари – а Гугл денес вреди 360 милиони долари.

Пејџ уште во 1996 година имал визија за начинот на кој би го организирал интернетот и таа визија ја отстварил со интернет пребарувачот BackRub. Кога станало јасно дека BackRub ќе стане успешен комерцијален производ, Пејџ го понудил на порталот Excite за вкупно 1,6 милиони долари и им рекол дека овој пребарувач ќе им го зголеми прометот за 10%, а заработката од огласи за 47 милиони долари.

Пејџ барал 600.000 во кеш и 700.000 во акции, а посебно е интересно дека не побарал ништо за Брин, пријателот кој подоцна му се придружил и помогнал за развој на BackRub.

Но, главниот инвеститор на Excite Винод Косла сметал дека 1,6 милиони за пребарувач е премногу и му понудил на Пејџ 750.000 долари. Како што е познато на крајот, Excite не го превзел BackRub, а Пејџ и Брин продолжиле со развојот на BackRub кој подоцна го преименувале во Гугл, а останатото е познато до каде стигна оваа компанија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top