По последните податоци од хидрометеоролошките станици во Босна и Херцеговина, дозволената кота е премината на реките Уна, Сана, Врбас и Босна. Водостоите на реката Врбас и Врбања се во опаѓање во однос на вчерашните мерења, додека на останатите реки е во пораст.
Уна и Сана се излеале од коритата па во Нови Град се на сила редовни мерки за одбрана од поплави. Спрема податоците од центарот за известување во изминатите неколку дена наврнале 91 литри дожд на метар квадратен.
Надојдените реки предизвикале големи проблеми во населените места околу Бања Лука, Градишка и други општини. Водата навлегла во многу куќи, отсечени се патишта, а на насадите кои ги зафатила водата им прети уништување.
Од цивилната заштита се спремни за евакуација на населението во случај на зголемување на водостојот, а нивните екипи со помош на чамци ги посетуваат заробените домаќинства и им носат храна и вода.
Посебно вознемируваат прогнозите од метеоролозите кои за наредните денови најавуваат дождливо време, а земјоделците се загрижени за своите посеви.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град