„Дигитална сенка“ прво ги покажува фотографиите на корисниците кои се означени како јавни, а потоа преоѓа да ги испитува вашите пријатели. „Дигитална сенка“ која моментално е достапна само во САД, бара дозвола за пристап на вашиот кориснички профил, а потоа ги повлекува сите информации за да изгради сеопфатен досие за корисникот.
И кога велиме сеопфатен, буквално така и мислиме.
Потоа ги прикажува пријателите со кои најмногу комуницирате, па оние со кои воопшто не комуницирате, па пријателите кои ги шпијунирате, и оние кои воопшто не ви одговараат.
„Дигитална сенка“ не застанува на ова. Таа открива кога сте најактивни на Фејсбук, и на кои места во светот би можеле евентуално да ве пронајдат. Оваа апликација овозможува увид во потенцијалната заработка на основа на нивото на образование и на работното место кое сте го навеле во профилот.
Нуди можни лозинки кои би помогнале при хакирање на вашиот профил. „Дигитална сенка“ создава некој вид на профил на вашиот карактер на основ на активностите кои ги имате на Фејсбук.
Секако, во зависност од подесувањето и опциите на вашиот Фејсбук зависи и бројот на информации кои ќе ги претстави „Дигитална сенка“.
Иако се работи за одлично смислена маркетиншка кампања за да се промовира „Дигитална сенка“, Фејсбук корисниците сепак ќе мора да размислат за приватноста и да ја сфатат малку посериозно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град