Имено, основачот на Фејсбук, Mark Zuckerberg, најдобро ја препознава сината боја затоа што тој е далтониста и јасно е зошто се одлучил баш за таа боја.
Исто така е познато дека боите различно влијаат на нашето расположение, бидејќи предизвикуваат различни емотивни состојби, па така сината боја претставува доверба и сила.
Иако ова не е ново научно откритие постојат многу примери како боите влијаат на нас. Големите компании со причина ставаат одредени бои на логото на својот бренд, бидејќи секоја боја претставува одредена емоционална состојба. Така на пример, жолтата боја претставува оптимизам и топлина. Портокаловата симболизира пријателство и самодоверба, црвената возбуда и младост, виолетовата креативност и мудрост, зелената боја упатува мир и здравје, а сивата смиреност.
Спрема научните истражувања, сината боја најмногу се користи во медицината, технологијата, науката, политиката и бизнисот.
Жените најмногу ја сакаат сината, виолетовата, и зелената, додека портокаловата, кафената и сивата најмалку. На мажите омилени бои се сината, зелената и црната, а најмалку омилени им се кафената, портокаловата и виолетовата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град