Исчезнати 2300 примероци на смртоносен вирус

Исчезнати 26 кутии со SARS

 |  инфодеск  | 

Францускиот институт Луј Пастер признал дека од нивниот магацин пред извесно време исчезнале 26 кутии со 2300 примероци на смртоносниот вирус SARS, пренесува Euronews.

Неверојатното исчезнување е откриено при рутинска контрола на магацинот. Од институтот смируваат со тврдењата дека нема опасност по здравјето на луѓето бидејќи исчезнатите примероци немале никаков инфективен потенцијал.

Интерната истрага траела околу два месеци, а потоа институтот ја известил националната регулаторна агенција за лекови и здравствената сигурност (MSNA) за случајот. MSNA веднаш покренала нова истрага, но без успех.

Експертите  отфрлаат секаква можност за злоупотреба на примероците затоа што ниеден примерок не го содржел комплетниот вирус туку само негови фрагменти.

“Губењето на вирусот е неприфатлива грешка. Поради тоа донесовме одлука да ја известиме јавноста. Сакаме да бидеме транспарентни. Ова е прв пат од институтот да исчезне нешто на ваков начин и е потполно неприфатливо. Засега веруваме дека се работи за човечка грешка, но не исклучуваме и други можности”, рекол претседателот на институтот, Christian Brechot.

Brechot смета дека примероците би можел да ги уништи некој од вработените и притоа да заборавил официјално да ја евидентира постапката. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top