Еве зошто треба да се јаде грав

Истражувањата покажале зошто се корисни мешункастите растенија

 |  инфодеск  | 

Честата конзумација на варен грав е поврзана со ниската концентрација на таканаречениот лош (LDL) холестерол во крвта.

Канадските научници од Сент Мајклс болницата во Торонто на основа на пратење на 1037 испитаници пресметале дека секојдневната конзумација на варен грав или други мешункасти растенија е можно да се поврзе со 5% помала концентрација на LDL холестерол во крвта.

Учесниците на истражувањето, на таа исхрана се придржувале во просек 6 седмици, пишува порталот Плива.

Стручниот часопис „Canadian Medical Association Jurnal” додава дека повеќето испитаници биле во средни години, а мешункастите растенија во однос на лошиот холестерол биле нешто поефикасни кај мажите.

Истражувачите објаснуваат дека голем удел на гравот и другите мешункасти растенија во исхраната резултира со намалена конзумација на намирници со поголема количина на масти или гликемиски индекс.Покрај ова мешункастите растенија се добар извор на протеини од растително потекло, витамини и минерали.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top