Дејвид Латимер (80), градинар од Велика Британија, во 1961 година дошол до идеја да посади растение во затворен сад за да види како ќе реагира. Педесет и три години подоцна, растението е и понатаму живо и во полна форма, благодарение на својот сопствен еко систем.
Латимер го посадил семето за Великден 1961 година во сад од 38 литри. Само два пати го полевал своето растение, кога го посадил и во 1972 година, пред да го запечати садот.
Од тогаш, растението се развивало само од себе, објаснува овој заљубеник во градинарството. Единствено што прави е тоа што го врти садот како би бил подеднакво изложен на сонце.
„Тоа е единствено што правам за негово одржување. Никогаш не сум го кастрел растението.Самостојно се развива внатре“, изјавил за Daily Mail, додавајќи дека со тек на време растението само си создало еко систем.
Имено, во садот водата функционира во затворен циркуларен круг. Коренот ја апсорбира водата која растението потоа, низ процесот на фотосинтеза, ја испушта во садот.
Амбиенталната влага создава капки кои течат по ѕидовите на садот за да потоа пак се апсорбираат во коренот. Сончевата светлина му овозможува на растението да ја врши фотосинтезата, која е неопходна во производството на енергија. Хранливите материи, растението ги црпи од отпаднатите лисја кои скапуваат на дното од садот.
Градината на Латимер ја инспирирал дури и NASA за нејзиниот проект градина во вселената.
„Растението го прочистуваат воздухот впивајќи ги супстанците кои го загадуваат. Благодарение на нив, вселенската станица би можела на извесно ниво да стане автономна“, рекол претставник на NASA.
Сите кои би сакале да направат нешто слично треба само да имаат поголем сад, малку земја и секако семе. Потоа е доволно да се залие со 1 децилитар вода, херметички да се затвори садот, а природата сама ќе се погрижи за се друго.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град