Заплови невидливиот разорувач

Разорувач од 3 милијарди долари кој е невидлив за радарите

 |  инфодеск  | 

Освен посебна мрежа која ги контролира и поврзува сите бродски системи, USS Zumwalt ќе биде и невидлив за радарите.

Американската морнарица денес го крсти еден од најмодерните и најскапи разорувачи USS Zumwalt вреден неверојатни 3 милијарди долари кој во употреба ќе биде пуштен во 2016 година.

Разорувачот е долг 180 метри и го добил името по адмиралот Elm “Bud” Zumwalt. The Independent истакнува дека ќе има најсофистицирана технологија која трага по подморници и поморски мини, топови со специјално модифицирани проектили за гаѓање на копно и кои можат да досегнат брзина шест пати поголема од брзината на звукот. Освен посебна мрежа која ги контролира и поврзува системите, USS Zumwalt за радарите ќе биде невидлив затоа што краевите му се смислени така што радарите го отчитуваат како мал рибарски брод.

Овој разорувач е прв во историјата на американската морнарица кој ќе работи на електричен погон, а ќе содржи и оружје со ласер и сензори за следење на балистички проектили кои се сеуште во фаза на тестирање.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top