Претседателот на Русија со указ си ја зголемил платата себеси и на премиерот Медведев за 2,65 пати, објавено е денес на интернет страницата на Кремљ.
По пресметките на Vedomosti, Медведев месечно добива нешто повеќе од 215.000 рубљи (околу 6000 долари), а Путин околу 280.000 рубљи (околу 8000 долари).
Спрема податоците за плати на високите функционери во Русија, објавени во петок, Путин минатата година добил повеќе од 3 милиони и 672 илјади рубљи, што е околу еден милион помалку од 2012 година.
Портпаролот на Кремљ тоа го објаснува со тоа што претседателот не добивал компензација за неискористен годишен одмор.
Приходите пак на Медведев се намалиле скоро за 1,5 милиони рубљи. По објавените податоци, тој минатата година добил 4 милиони и 259 илјади рубљи, а 2012 година повеќе од 5 милиони и 814 илјади рубљи.
Неговата портпаролка тоа го објаснила затоа што во податоците за 2012 година била земена во предвид платата за местото претседател на Русија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град