Бидејќи досегашната истрага по исчезнатиот малезиски авион не дала резултати, австралиската морнарица одлучила да прати мини подморница под вода.
„Бродот Океански штит денес ќе престане да истражува по океанот и наместо тоа ќе биде ангажирана мини подморницата Блафин21“, рекол началникот на здружениот координативен центар за истражување и некогашен командант на оружените сили на Австралија, Ангус Хјустон.
Тој потсетил дека последниот сигнал за кој се сомневаат дека потекнува од исчезнатиот МН370 е регистриран пред шест дена, пренесува агенцијата AFP.
“Веќе шест дена немаме регистрирано никаков сигнал, па претпоставуваме дека е време да се спуштиме под површината на водата“, наведува Хјустон на конференцијата за печат во Перт.
Тој додава дека на подрачјето на истрагата денес е забележана нафтена дамка, и земени се примероци на течноста заради тестирање. „Истакнувам дека треба да се одреди од каде потекнува тоа гориво, но дамката е воочена на 5,5 км од местото на кое се регистрирани сигналите“, рекол Хјустон.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град