Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков известил дека во борбите во градот Словианск загинал еден украински војник додека петмина се ранети, пишува Reuters.
“Има мртви и ранети од обете страни”, напишал на Фејсубк Аваков. Од друга страна Russia Today известува, повикувајќи се на извори на протестантите, дека во борбите загинале три лица, од кои двајца се припадници на “десниот сектор”.
Украинскиот министер Арсен Аваков порано објави дека е покрената антитерористичка акција во градот Славианск на истокот од државата каде проруски активисти вчера завзеле неколку државни згради. Нешто порано Аваков изјавил дека ќе има нулта толеранција према вооружените терористи во Славианск. Украинската влада објави дека припрема воени сили за борба против, како што го нарекуаваат, “агресивниот чин од страна на Русија”, што спорот помеѓу двете држави го носат во многу опасна фаза, пишува Guardian.
“Кажете им на сите цивили да го напуштат центарот на градот и не ги напуштајте своите домови, и не стоите на прозорците”, напишал на Фејсбук Аваков и додал дека акцијата ја координира антитерористичкиот центар на тајните служби на Украина.
RT пишува дека откако владата објави покренување на акцијата во градот се слушаат истрели. Хеликоптерите летаат над градот а се приметени и оклопни возила. Пристапот на градот е блокиран од страна на украинските сили а запрен е и јавниот превоз.
Милитантите се наоружани со специјализирано руско вооружување и имаат исти униформи кои ги носеа руските сили во Крим.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град