Десет наредби на своите челенови

Нема повеќе чепкање на заби и фрлање ѓубре

 |  инфодеск  | 

Нема чепкање на заби и фрлање на ѓубре низ прозор од автомобил, се две од десетте наредби кои на своите членови службено ги испоставила локалната организација на кинеската комунистичка партија во покраината Сечуан.

Кинеските комунисти се загрижени поради негативната слика која некои членови ја оставаат во јавноста, стравувајќи дека ако се продолжи со таква пракса би можело да го загрози влијанието на партијата во јавноста а со тек на време да се доведе во прашање водечката улога во земјата.

Кога на крајот од 2012 година дошол Си Џинпинг на чело на партијата најавил  борба против корупцијата на сите нивоа и дека на удар ќе бидат и “тигри” и “мушички”.

Ревносни партиски членови во округот Пенгшан одлучиле да делуваат уште пошироко, но со својот правилник предизвикале подсмев и на критичарите и на владата.

Пописот на забраните е објавен јавно и покрај спомнатите две забрани има забрани и за “вовлекување на своите шефови”, забрана за користење сленг во службени говори, забрана за пушење во јавноста, забрана за “однесување од високо”…Функционерите на КПК треба, како што се бара сега од нив, самите да го пишуваат својот говор, а на широките народни маси не смеат да даваат празни ветувања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top