Се укинува допишувањето преку Фејсбук

Се тестира новата верзија на апликацијата

 |  инфодеск  | 

Најголемата социјална мрежа Фејсбук почнала со тестирање на новата верзија на апликацијата која нема да ја содржи можноста за отварање пораки.

На тој начин Фејсбук ќе ги натера корисниците, за допишување, преку нивниот сервис исклучиво да ја користат апликацијата Месинџер. Ова се однесува и на телефоните кои користат Android, iOS и Windows Phone оперативни системи.

Промената е неизбежна и корисниците наскоро ќе добијат известување за тоа. На тој начин тие сакаат да го избегнат впечатокот дека постојат две апликации за допишување.

До сега корисниците за допишување не мораа да го превземат Месинџерот, туку можеа сите допишувања да ги прават по пат на основната апликација, а од сега тој избор ќе биде исклучен.   

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top