Уште еден премиер исмејуваат твитерашите

Не ја научил лекцијата од колегата Камерон

 |  инфодеск  | 

Направил идентична грешка како и британскиот премиер кога објави фотографија на Твитер каде што разговара со Обама. Тони Абот, австралискиот премиер, ставил фотографија на Твитер каде добива важен телефонски повик.

Со мобилен телефон на уво, Абот завзел впечатлива поза, а покрај фотографијата напишал дека во моментот добива нови информации за исчезнатиот малезиски авион. Своите 280.000 следбеници заборавил да ги информира за какви тоа информации се работи. Затоа тие сами одлучиле да проверат за какви информации станува збор.

По објавата на премиерот, следеле идентични реакции на корисниците на Твитер како и во случајот со Камерон. Неговите следбеници в раце зеле банани, четкички за заби, шишиња, мачки…и на премиерот му порачале дека се вклучиле во разговорот.

Имено, благодарение на фотографијата на Камерон каде води сериозен разговор со Обама, на британскиот премиер му се дуплирале следбениците на Твитер, а слична судбина би можел да доживее и австралискиот шеф на владата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top