Многу намирници содржат во себе супстанци кои позитивно делуваат на сонот. Постои храна која не се препорачува во вечерните термини, а има и таква која е одлична за уште подобар одмор во ноќните часови. Само немојте да ја јадете непосредно пред легнување.
Ореви
Оревите се добар извор на триптофан. Триптофанот е аминокиселина која во телото се трансформира во неуротрансмитер серотонин, хормон неопходен за добар сон. Освен тоа едно истражување покажало дека оревите содржат сопствен извор на мелатонин, кој помага побрзо да заспиете.
Бадеми
Бадемите се богати со магнезиум, минерал потребен за квалитетен сон. Истаржувањата покажале дека лицата со пониско ниво на магнезиум во себе имаат потешкотии со спиењето.
Сирење
Некои веруваат дека чаша топло млеко може да помогне за подобар сон, а вистината е дека секој млечен производ е добар за квалитетен сон. Калциумот, кој се наоѓа во сирењето, јогуртот, млекото…, го олеснува користењето на триптофанот.
Зелена салата
Ако за вечера јадете зелена салата, таа може да помогне да спиете лагодно бидејќи содржи лактуцин – супстанца која помага за опуштање и изразито мирен сон.
Туна
Рибата како што е туната или лососот се богат извор на витаминот Б6 кои на телото му е потребен за да произведе мелатонин и серотонин.
Чај од камилица
Чајот од камилица има смирувачко дејство и е одличен избор за пред спиење. Таа е многу добар лек за смирување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град