Во Индискиот океан откриени три сигнали

Ова е најдобрата трага досега

 |  инфодеск  | 

На истражувачите останува да утврдат дали се тоа сигнали од исчезнатиот малезиски авион. Сигналите ги откриле кинески и австралиски бродови.

Лидерот на австралиската агенција која го координира трагањето по исчезнатиот малезиски авион рекол дека се многу близу до лоцирање на подрачјето каде боингот 777 е паднат, пишува Independent.Angus Houston рекол на конференција за печат во Перт дека пронаоѓањето на сигнал е најветувачка трага од почетокот на истрагата. На новинарите им рекол дека е многу повеќе оптимист отколку пред тоа.

Моментално сме во многу добро дефиниран регион на истражување, и се надеваме дека навреме ќе добиеме информации кои ни се потребни за да кажеме дека МН370 паднал во вода токму овде“, објаснил тој, но и предупредил дека остатоци од авионот сеуште не се пронајдени.

Кинески патролен брод во петокот собрал два сигнали кои биле на фреквенција од 37,5 MHz, додека австралиски брод известил за сигнал околу 555 км подалеку од местото каде кинескиот брод фатил сигнал. Експертот за трагање и спасуање John Noble рекол дека австралискиот сигнал не може да се поврзе со оној што го имал кинескиот брод.

Времето за пронаоѓање на црните кутии се ближи кон крајот. Векот на траење на батеријата е 30 дена, но Angus Houston тврди дека црната кутија може да пренесува и неколку дена по истекот на рокот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top