Чувале милион динари за црни денови

Сакале да ја израдуваат фамилијата

 |  инфодеск  | 

Брачен пар од Туропоље не ја шокирал само фамилијата туку и цел регион давајќи им на своите деца 1,2 милиони стари динари (денешни околу 50.000 евра) кои како што велат ги чувале за црни денови чувајќи ги во перница и незнаејќи дека денес тие пари не вредат ништо, пренесува загрепски Вечерњи лист.

Слушајќи ги синот и снаата како разговараат за црни денови, кои се реалност бидејќи не примале плата со месеци, а жетвата морале да ја извршат навреме, 90 годишниот Стјепан Ивчинец ја повикал својата 85 годишна сопруга Ката да му ја донесе неговата перница од која со години не се двоел.

„Гледаш дојдоа тие црни денови од кои се плашевме и за кои штедевме. Гледаш дека е добро што ме слушаше цело време, а не да ги трошиме како што ти сакаше“, рекол Стјепан парајќи ја перницата.

Запрепастени и со недоверба сите во куќата останале без здив гледајќи како дедото и бабата вадат купишта стари југословенски динари од перницата.

„Што се чудите? Некогаш се имаше и можеше да се штеди. Зарем не е доволно? Ако треба имам уште, можам да го распарам и душекот…Не се грижите нема да останеме гладни. Ќе има и за жетвата и за живот“, упорен бил брачниот пар Ивчинец не разбирајќи на што се чудат нивните најблиски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top