Васил Сергијенко, новинар и активист на нациналистичката украинска партија Свобода е пронајден мртов и со траги на мачење, еден ден откако бил киднапиран, објавила денес партијата.
Сергијенко во петокот од неговиот дом го киднапирале три лица, а неговото тело е пронајдено во саботата во шума во близина на едно село во средишниот дел на замјата, 120 км југоисточно од Киев. Телото покажувало знаци на измачување, повреди со нож и повреди на главата, наведува Свобода.
Новинарот неодамна добивал закани и се јавува сомнеж дека тоа било поради неговите написи против моќен бизнисмен од регионот, чие име партијата не го наведува.
Сергијенко бил активен член на Свобода и учествувал во проевропските протести во Киев кои завршија со смена на прорускиот режим кон крајот на февруари.
Партијата Свобода е застапена во парламентот и е членка на коалицијата на власт, а нејзиниот претседател во минатото бил прозван за антисемитски изјави.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град