Самсунг припрема поефтина верзија на Galaxy S5

Galaxy S5 Mini

 |  инфодеск  | 

Galaxy S5 Mini би требало да има HD екран со дијагонала од 4,5 инчи, ќе работи со четиријадрен Snapdragon процесор и ќе биде водоотпорен.

Минатата година Самсунг претстави дури четири верзии на новата генерација Galaxy S телефоните, а пазарните аналитичари очекуваат дека и оваа година ќе продолжат со слична стратегија и дека компанијата наскоро ќе ги претстави Galaxy S5 Mini и Zoom.

Galaxy S5 Mini би требало да има super amoled екран со дијагонала од 4,5 инчи, резолуција 1280х720 пиксели, ќе работи на четиријадрен Snapdragon 400 процесор, ќе има 1,5 GB RAM и 16 GB меморија, но нема да има слот за мемориска картичка. Оперативниот систем секако ќе е Android 4.4 KitKat, додека резолуцијата на камерата ќе изнесува 8 МР, односно од предна страна камера со резолуција од 2 МР.

Како и Galaxy S5 и неговата помала верзија ќе биде водоотпорна, но некои можности како сензорите за отисок на прстите ќе остане само во поголемиот и поскапиот модел.

Претставувањето на овој поефтин модел се очекува во текот на месец јуни. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top