Најдобри природни антибиотици

Природата е навистина чудотворна

 |  инфодеск  | 

Ве запознаваме со најдобрите природни антибиотици.

Маслото од оригано се нарекува крал на природните антибиотици а е прогласено за најлековито природно средство во борба против многу болести. Повеќе истражувања покажале дека маслото од оригано убива дури 96% од бактеријата пенумокок, 92% стафилокок, исто така елиминира 83% стрептокок и 78% ентерокок во организмот.

Екстрактот од лист на маслинка како и многу други антибиотици е одличен избор кога не е познат точниот вид на бактеријата со која имате проблем, затоа што неговото дејство е со широк спектар, што покажало истражувањето спроведено во Кореја.Таму е докажано дека екстрактот од лист на маслинка го оневозможува штетното влијание на слободните радикали, што е од голема корист за науката, затоа што тие се означени како најголеми виновници за стареењето и многу болести.

Лукот е еден од најдобрите и најдостапните природни антибиотици а неговите антивирусни својства се зачудувачки. Користете го секогаш кога можете а посебно во време кога вирусите и бактериите се најизразени. Лукот содржи калиум и германиум, два минерали од голема важност за здравјето, а содржи и сулфурни компоненти, посебно алицин, кои се главни фитохемикалии задолжени за јакнење на имунитетот а делуваат како природен антибиотик. Употребувајте го суров облик, додека лук во прав воопшто ги нема лековитите својства.

Зелениот чај е последниот на оваа листа на природни антибиотици но не и помалку важен. Еден од активните состојци на зелениот чај е епигалокатехин галат (EGCG) за кој истражувањата докажале дека е снажен борец против одредени орални бактерии. Бидејќи е познат по својата неверојатна способност да ги разбива масните ќелии во организмот тој е одличен природен антибиотик и би требало да е дел од секојдневната исхрана.

{loadposition content9} 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top