Бруталните методи на CIA не се повеќе тајна

Прв јавен увид на вакви документи

 |  инфодеск  | 

Комитетот на американскиот Сенат за разузнувачките служби, гласал за симнување на ознаките на доверливост за користење на бруталните методи на испрашување кои ги користела CIA.

Сенаторката од редовите на демократите, Дајана Фајнштејн, која претседава со комитетот. Рекла дека со 11 гласови за и три против е тргната ознаката на доверливост од, како што го нарекла, „шокантните резултати на истрагата на CIA” за време на мандатот на републиканскиот претседател Џорџ Буш, пренесува агенцијата Reuters.

Гласањето да се тргне блокадата од резимето и препораката, извештајот од 6200 страници е судир без преседан помеѓу Фајнштејн и CIA и ќе му овозможи на светот јавно да го види системот на испрашување и притворите во периодот по терористичките напади на 11 септември 2001 година.

„Извештајот открива бруталности кои се во остра спротивставеност со нашите вредности како народ. Тоа е дамка во нашата историја која никогаш не смее да се повтори. Тоа не го прават Амеркианците“, изјавила Фајнштејн за новинарите по гласањето на комитетот.

Меѓутоа ќе поминат недели, ако не и подолго, додека некој од документите излезe на виделина, додава Reuters.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top