Четири пијалоци за здраво срце

Болестите на срцето се во еден дел генетски условени

 |  инфодеск  | 

Болестите на срцето во еден дел се генетски условени, но исто така во голема мерка се превентабилни и можат да влијаат до нив да не дојде. Ова се пијалоците кои можат да придонесат за здравјето на срцето.

Сок од калинка

Антиоксидантната моќ на калинката е навистина голема. Новите истражувања покажале дека редовното конзумирање на овој вкусен сок може да го заштити срцето така што ќе се намали нивото на холестеролот во крвта и ќе го зголеми протокот на крвта во срцето. Пијте го свеж и без додатни засладувања.

Црн чај

Докажано е дека конзумирањето на црн чај го намалува ризикот од мозочен удар, го смалува нивото на холестерол во крвта, ги подобрува функциите на крвните садови, како и дотокот на крвта во срцевите крвни садови. Пијте го свеж, топол и без засладување за негово најдобро дејство.

Зелен чај

Како и црниот чај, и зелениот содржи изобилство од антиоксиданти кои го чуваат срцето. Основната разлика помеѓу овие два чаја е дека зелениот не е ферментиран. Истражувањето од 2004 година докажало дека зголемено конзумирање на овој чај ги намалува ризиците за заболување на коронарните артерии.

Вода

Кога организмот е дехидриран и му фалат течности, крвта е погуста и бара срцето да троши повеќе енергија и да пумпа крв низ телото. Хроничната дехидратација може да резултира во хипертензија, зголемен крвен притисок, која се подобрува со конзумирање на вода.

Бројни истражувања покажале дека многу е помал ризикот за настанување на срцеви болести ако се конзумира водата во поголеми количини во текот на денот. Не постои подобар пијалок кој подобро ќе го хидрира организмот од водата, а тоа е одлично за здравјето на срцето. Препорачливо е конзумирање до 8 чаши вода дневно. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top