Платежни картички најдоцна за шест месеци

Потребни се усогласувања во законот

 |  инфодеск  | 

Својот сопствен систем на платежни картички, Русија, ќе го стартува во рок од два до шест месеци, по усогласување на законите.

Ова на претседателот Путин му го пренесол шефот на руската банка Сбербанк, Герман Граф. „Разговаравме за ова прашање на состанокот со претставниците на Централната банка. Потребни се промени во законите, а тоа може да се направи брзо“, рекол Граф.

Тој додал дека, по усвојување на законите, ќе биде потребно од два до шест месеци техничка работа до стартување на националниот систем за платежни картички.

Руски официјални лица рекле минатата седмица дека ќе развијат свој национален систем откако „Visa” и „Mastercard” воведоа рестрикции во работењето со руските банки.

Рестрикциите следеа откако САД воведоа санкции поради припојувањето на Крим со Русија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top