Германската воздухопловна компанија Lufthansa објавила денес дека откажува 3800 летови, од среда до петок, поради тридневен штрајк на пилотите а во врска со преговорите за плати.
Откажаните летови требаше да пренесат вкупно 425.000 патници, прецизирала компанијата и додала дека тие денови во редот на летање ќе останат само 500 летови.
Пилотите на на Swiss, Austrian Airlines, Eurowings, Lufthansa City Line, Air Dolomiti и Brussels Airlines не се опфатени со штрајкот иако Lufthansa поседува 45% во овие компании. Компанијата предвидува дека каде што ќе биде можно најголемите авиони ќе летаат на своите линии за да превезат што повеќе патници за Германија и од Германија.
Синдикатот на пилоти кој брои 9.000 членови во таа воздухопловна компанија ги повикал од среда во 00.00 до петок во 23.59 да ја прекинат работата и бараат зголемување на платата и подобри услови за тие што одат во пензија.
Синдикатот очекува силна поддршка од членството, рекол портпаролот на синдикатот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град