Во обвинението од 2012 година наведено е дека милиони долари циркулирале нелегално за да се промовираат проекти, вклучувајќи ја и контроверзната изградба на Ерусалим, која барала измена на закон и вклучувала ослободување од данок и други бенефиции.
Екс премиерот на Израел, Ехуд Олмерт е прогласен за виновен на судењето за примање мито, за што би можел да биде осуден на затворска казна., јавуваат израелските медиуми. Покрај Олмерт во окружниот суд во Тел Авив за виновни се прогласени уште 13 лица во врска со големиот скандал со недвижнини пред да стане премиер во 2006 година.
Во тоа време Олмерт бил градоначалник на Ерусалим и министер за трговија. Тој во 2009 година беше принуден да даде оставка од премиерската функција поради низа обвиненија за корупција.
Израелските медиуми наведуваат декатоа е прв премиер на Израел кој е прогласен за виновен.
Казната ќе биде подоцна изречена, но правните експерти наведуваат дека сигурно ќе вклучува и затвор.
За виновни се прогласени и екс градоначалникот на Ерусалим, Ури Луполиански, кој го наследи Олмерт, како и Дани Даркнер претседавачот на големите израелски банки.
Случајот против Олмерт добил драматичен пресврт кога неговата екс соработничка Шула Закен се одлучила да сведочи против него. Таа ќе отслужи казна од 11 месеци благодарејќи на судската спогодба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град