Милионер на чело на Словачка

Без еден ден политичко искуство

 |  инфодеск  | 

Финансиерот и филантроп Андреј Киска со 59,4% освоени гласови го победил најпопуларниот словачки политичар, премиерот Роберт Фицо кој освоил 40,6% од гласовите на Словаците кои во саботата излегоа на гласање во вториот круг на избирачките места.

Спрема конечните неофицијални резултати кои ги објави националниот завод за статистика на избирачките места излегле 50,5% од 4,3 милиони Словаци запишани во избирачките списоци.

Премиерот Фицо го признал поразот и му честитал на Киска уште синоќа кога биле избројани половина од гласовите а Киска имал убедлива предност. Официјалните резултати се очекува да бидат објавени денес а ќе ги потврди централната изборна комисија.

Киска е познат во Словачка како топ менаџер во 2006 година и по добротворната фондација Добар ангел, без еден ден политичко искуство. Аналитичарите тоа го припишуваат на барањето политичар кој не е вмешан во корупција и скандали.

„Словаците се згадени од политичари кои не им даваат алтернатива. Затоа избираат луѓе настрана од политиката кои ги прескокнуваат сите нивоа и директно одат на највисоки функции. Тоа е рискантно, но луѓето така избраа“, оценува политикологот Јан Беранек.

Во овој изборен дуел пресудил и стравот од голема концентрација на власт во рацете на еден човек, Роберт Фицо, ако би бил избран за шеф на државата.

Андреј Киска победил благодарејќи на поддршката на опозиционата десница и ветил дека ќе биде претседател над партиски интереси и поделби, претседател на сите граѓани и дека му е цел да ја врати довербата на Словаците во политиката и политичарите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top