За „Nutella” е виновна војната

Најомилениот деликатес е популарен ширум светот

 |  инфодеск  | 

Дали некогаш сте се запрашале како воопшто е создадена Nutella и зошто се прави од лешници?

Nutella” во оригиналната форма за време на Втората светска војна ја измислил Pietro Ferrero, производител на слатки и основач на компанијата Ferrero.

Во тоа време, поради војната, владеела криза за какао додека лешници имало во изобилие на северот од Италија, така да лешникот станал основа за овој производ (иако лешник во „Nutella”има само 13%).

Производот на почеток бил познат како „Pasta Gianduja” и не се пакувал во тегли туку бил во форма на векна завиткана во фолија, а на почетокот од педесетите е преименувана во „Supercrema Gianduja”.

Nutella” своето име го добила во 1964 година и до денес останала еден од најпознатите прехранбени артикли во светот, а оваа година, поточно на 18 мај, ќе го прослави својот 50 роденден под тоа име.

Статистиките кажуваат дека во светот во просек секоја секунда се продаваат 2,5 тегли „Nutella”!

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top