Во Данска полесно до работа

Пад на невработеноста од 0,6%

 |  инфодеск  | 

Невработеноста во февруари во Данска е намалена на месечно ниво од 5,4 на 5,3% и е најниско ниво од август 2009 година.

Февруарскиот годишен пад на наевработеноста во Данска изнесувал 0,6%, пренесува весникот Mond.

Тоа е трето последователно намалување на невработеноста на месечно ниво во оваа членка на ЕУ. Со 5,6 милиони жители, моментално без работа се само 140.600 лица, што е за 2700 помалку отколку во јануари.

Данската економија е една од најуспешните во ЕУ. Почнала да влегува во криза есента 2008 поради намалување на работна сила. Моменталната состојба на данската економија, спрема оценките на синдикатот и економистите,  е резултат на големите реформи кои ги започнала владата на левицата од 2011 година.

Една од најзначајните реформи е реформата на социјалната помош која стапила на сила во 2014 година. Со оваа реформа укината е социјалната помош на невработените помлади од 30 години без работни квалификации, кои на тој начин биле принудени на дообразование кое им го плаќала државата и примале додаток од 770 евра месечно. Толку изнесуваат и субвенциите за студенти, како и социјалната помош за млади со квалификации.

Доколку кандидатот не е во состојба да се дообразува ќе продолжи да прима социјална помош.

Пред воведувањето на оваа реформа, невработените од 25 години примале социјална помош од 900 евра а постарите од 25 години 1400 евра. Спрема официјалната статистика 33% од помладите од 30 години нашло работа во последните неколку месеци, што е знак за успешноста на реформата за социјална помош, сметаат аналитичарите.

Предвидувањата за невработеноста за остатокот од годинава се прилично воздржани со оглед  на очекуваниот раст на БДП за 2014 помеѓу 1,3 и 1,5%.

Данска останува една од земјите со најостра даночна политика во светот но и со две третини од Данците постари од 18 години кои работат во јавните служби или финансиски се зависни од државата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top