Уште една теорија на заговор?

20 масони се наоѓале во малезискиот боинг 777

 |  инфодеск  | 

Со исчезнувањето на 20 вработени во компанијата Freescale Semiconductor, Јакоб Ротшилд станал единствен сопственик на патентот кој ќе служи за електронско војување.

По падот на малезискиот авион, мултимилијардерот, член на илуминатите и прикриен лидер на светот, Јакоб Ротшилд, станал единствен сопственик на неверојатниот KL-03 микрочип кој служи за електронско војување. Со авионот исчезнале сите луѓе кои го делеле патентот со Ротшилд.

Службената приказна за судбината на авионот е сомнителна и сега станало јасно дека е во прашање криење на вистината за одредени потези кои ги правела владата на Малезија. Имено, малезиската влада, освен тоа што објави преку СМС за наводната судбина на авионот, употребила збор “претпоставуваме”. Тие претпоставиле дека авионот паднал таму и дека сите се мртви, и одеднаш цел свет е замолчен.

Нивната приказна од почеток е сомнителна, сега и повеќе бидејќи зборот “претпоставуваме” го употребиле како доказ, прекинувајќи ја истрагата и така ги замолчи сите медиуми кои воопшто и не поставуваат повеќе прашања, што е исто така сомнително.

Прашања кои би можеле да се постават безброј пати – за самото паѓање на авионот, ѕвонењата на телефоните, нема тела, нема остатоци, нема ништо што би можело да докаже дека авионот паднал во море, односно дека пилотот извршил самоубиство убивајќи се себеси и другите.

Но едно е сигурно во целата приказна. Се откри кој би имал вистинска корист од исчезнувањето на авионот.

Во мистериозното исчезнат авион патувале и 20 вработени, односно членови на управата на компанијата Freescale Semiconductor, кои своите права ги делеле со Јакоб Ротшилд, а сосем случајно таа компанија, ден пред исчезнувањето на авионот, го лансирала гаџетот за електронско војување, како дел од радарски систем.

“Тоа беа луѓе со големо искуство и голема техничка позадина, тоа беа многу важни луѓе. Тоа е дефинитивно голема загуба за компанијата”, изјавил Мич Хавс, потпретседател за глобални комуникации и односи со инвеститорите на компанијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top