Закани дека ќе ги затворат

Британија го затвора весникот „The Guardian”?

 |  инфодеск  | 

Обвинети сме за загрозување на националната сигурност, рекол заменик главниот уредник на „The Guardian”, Пол Џонсон, додека на главниот уредник на весникот му било речено дека премиерот, заменик премиерот, шефот на дипломатијата, и главниот обвинител имале проблем поради „The Guardian”, пренесува агенцијата AFP.

Британската тајна служба се заканила дека ќе го затворои весникот поради објавување на документи за американското масовно прислушкување кои им ги доставил одбегнатиот американски разузнувач Едвард Сноуден.

Британските и американските функционери потполно различно се поставиле по објавувањето на тајните документи за шпијунирањето, рекол Пол Џонсон.

Во САД за обелоденувањето на документите дошло до национална дебата за програмата на шпијунирање и заштита на приватноста, додека во Велика Британија функционерите дошле до претпоставка дека ќе дојде до нарушување на националната безбедност ако печатот зборува и објавува за тоа.

Објавувањето на материјалите кои на весникот им ги доставил Едвард Сноуден веројатно е најголем предизвик во историјата на „The Guardian”, рекол Џонсон.

Тоа е најтешка приказна која некогаш е направена, вклучувајќи го и Викиликс, затоа што новинарите и уредниците не можат да разговараат едни со други. Можат само да користат систем за енкрипција“, рекол Џонсон.

Екс соработникот на NSA и CIA летоска им предал на „Washington Post„ и на „The Guardian” низа од тајни материјали за програмите на американските и британските тајни служби за електронско пратење, па заради тоа избега од САД, каде е обвинет за кршење на законот за тајност на информации кои се однесуваат на националната одбрана.

Сноуден има привремен азил во Русија до 1 август 2014 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top