Во последно време сите кажуваат за штетноста од долготрајна изложеност на „парабен“, и потребата луѓето и козметичката индустрија да го користат што е можно помалку.
Кога зборуваме за парабенот и неговата првобитна употреба, тој спаѓа во категоријата средства за конзервирање, а неговата задача е да спречи расипување и развој на микроорганизми, бактерии и габи.
Секојдневно сме изложени на оваа супстанца, но тоа ретко го приметуваме. Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека жената на себе дневно нанесува 515 хемикалии содржани во дезодоранси, креми и кармини за усни, а парабенот се наоѓа во 90% производи кои секојдневно ги користиме.
Меѓутоа, тој уредно и донеодмана пречесто, се кориси во декоративната козметика (кармини, пудри, сјаеви, руменила, маскари) и во козметиката (креми за лице и тело, производи за самопотемнување, пасти за заби) и многу други.
Причините поради кои експертите предупредуваат на опасноста лежат во фактот дека парабенот не се разградува во човечкиот организам, туку се таложи околу коските, срцето и градите па така се создаваат некои видови на карцином.
Наједноставно кажано, со нанесување на дезодоранс кој содржи парабен, телото може да впие 20-60% употребни парабени кој по пат на кожата ќе влезат во организмот и ќе станат можна причина за активирање на ќелиите на ракот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град