“За да се направи еден национален фудбалски тим не дозволуваат ФИФА и УЕФА, но за национално обединување на економски план никој не не спречува и наша вина е ако тоа не го направиме”, рекол Еди Рама на состанокот со стопанственивците од Косово.
Рама оценил дека национална стопанска комора би допринесла за економско обединување на Косово и Албанија.
“Немаме заедничка стопанска комора која ќе ги обедини под еден покрив сите албански претпријатија од териториите на Албанија и Косово, а која ќе биде референтна точка за двете влади”, рекол Рама.
Албанскиот премиер најавил дека многу брзо двете земји ќе извршат заедничка проценка за царинските процедури, претварајќи ги границите во можности.
“Го укинавме двојното оданочување, го елиминиравме ДДВ за книги и весници, а на министерскиот состанок на советот на Албанија на дневен ред ќе е укинување на ДДВ за челичните цевки”, рекол Рама.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град