Граѓаните на Венеција и околните региони гласале по електронски пат за отцепување од остатокот на Италија и формирање на сопствена држава. За, биле 89% од гласачите.
Повеќе од два милиони жители на регионот Венето, учествувале во целонеделното гласање, а 89% од нив се изјасниле за независност од Италија.
Електронското гласање, кои го организирале локалните партии, не е законски обврзувачко, но има за цел да ја процени поддршката кога би имало референдум.
На социјалната мрежа Твитер се развила остра дискусија помеѓу приврзаниците за отцепување и Италијаните кои ова гласање го нарекле тотално лудило.
Приврзаниците за отцепување велат дека новата република Венето била инспирирана од старата Млетачка република, економски, трговски и културно богата сила, која постоела од 7 век па до власта на Наполеон 1797 година.
Резултатот од гласањето е објавен во Падова, каде неколку стотици активисти славеле и развиориле знамиња на Млетачката република, пренесува AFP.
Партијата Независна Венето, соопштила пред гласањето, дека сепаратистичкото движење го поттикнала очигледната неспособност на владата да ја искорени корупцијата и да ги заштити своите граѓани од рецесија.
Претседателот на регионот Венето, Лука Заја, изјавил дека Рим и понатаму мисли дека е империја која Венеција и околните области ги третира како предградие на Римското царство.
Тој додал дека Рим, жителите на Венеција ги гледа само како луѓе кои треба да платат данок.
Предлог законот за референдум, мора да го одобри регионалниот совет, пред да се најде во парламентот во Рим.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град