Трговец со старо железо помеѓу старудиите на еден пазар за стари работи, некаде во Америка, здогледал златно јајце и веднаш препознал прилика дека нешто ќе заработи. Но не ни сонувал колкав профит ќе му донесе предметот кој го платил 13.300 долари.
Бидејќи не успеал да го препродаде го однесол на проценка и сфатил дека станал сопственик на Фабержеово јајце, вредно 33 милиони долари.
Експертот кој ја потврдил автентичноста на украсното јајце вели дека целата приказна го потсетува на Индијана Џонс кога го пронашол изгубениот ковчег. Станува збор за третото од педесет велигденски јајца кои Карл Фаберже ги дизајнирал за руското кралско семејство.
По револуцијата во Русија, јајцата на Фаберже ги заплениле болшевиците и повеќето се продадени на запад. Од сите тие јајца преживеале само три, вклучувајќи го и ова од американскиот пазар за стари работи.
Во неговата внатрешност се наоѓа часовник кој Александар III за Великден 1887 година и го подарил на својата сопруга, царицата Марија Фјодоровна. Последен пат е прикажано на изложба во Санкт Петербург во март 1902 година.
Дури во 2011 година е откриено дека Третото царско јајце ја преживеало револуцијата и дека е продадено на аукција во Њујорк 1964 година. Потоа се нашло некаде на среден запад кога трговецот со старо железо го купил за 13.300 долари. Бидејќи не успеал да го препродаде, на Гугл напишал “jajce” и “Vacheron Constantin”, името изгравирано во јајцето.
Така дошол до напис за кој пишува Киран Мекарти, директор на претпријатие за трговија со антиквитети специјализирано за Фаберже, Vartski”.
Американецот долетал право во Лондон за да се види со луѓето од Vartski. Со себе ги носел фотографиите од јајцето и веднаш се знаело дека е тоа тоа.
Според зборовите на Мекарти, со восхит го погледнал Американецот и му рекол: „Вие сте сопственик на Царското велкденско јајце од Фаберже.
“Сум бил сведок на извонредни откритија во светот на уметноста, но не верувам дека сум видел нешто слично. Извонредно богатство откриено на место кој никој не го очекува“, заклучува Мекарти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град