Спрема најновите информации, малезиската државјанка Raja Delalah Raja Latife тврди дека го видела авионот во морето додека летала над Индискиот океан, во 2 часот попладне на 8-ми март – неколку часа откако исчесзнал.
Била толку сигурна во тоа што го видела, што истиот ден поднесла службена пријава на полицијата, полни пет дена пред да се прошири истрагата и на реонот кој го посочила Latife околу островот Андаман.
Во меѓувреме се изнесени нови детали кои можат да помогнат во расветлувањето за судбината на 239 патници и членови на екипажот.
Денес на конференција за печат малезиските власти објавија информација дека авионот превезувал литиум-јонски батерии, кои на големи висини можат да бидат нестабилни, односно запаливи ако не се складирани на соодветен начин.
Исто така е објавено дека во истрагата е вклучен и човекот кој ја водел истрагата за авинот на Air France, кој падна во Атлантскиот океан во 2009 година а загинаа сите 228 патници и членови на екипажот, а телата на некои од жртвите се пронајдени по две години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град