По 20 години од смртта, објавени фотографии

Отворено досието со докази и фотографии

 |  инфодеск  | 

Како што се приближува годишнината од смртта на фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, полицијата повторно го отворила случајот затоа што претпоставувале дека обожавателите ќе поставуваат прашања. Курт Кобејн се самоубил на 8 април 1994 година така што си пукал во главата.

Полицијата од Сиетл го отворила досието со докази и фотографии, но заклучиле дека нема нови информации за неговото самоубиство. Од досието објавиле само две фотографии од местото на самоубиството.

На една од нив е кутија за прибор за конзумирање дрога, лажица, нешто што личи на игла, половина цигара и очила за сонце. Другата фотографија ја покажува истата кутија која е затворена, пари и паричник од кој се гледа документ за идентификација, објавил Huffington post.

Пејачот на Нирвана на 8 април извршил самоубиство во својата куќа. Истата година порано пробал тоа да го направи во Рим со земање прекумерна доза на средства за смирување. Иако некои веруваат дека се работи за убиство на Курт Кобејн, полицијата повторно ги демантирала тие наводи и го заклучила случајот со тоа дека се работи за самоубиство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top