Отварање на архивите на „УДБА“

Референдум на 25-ти мај

 |  инфодеск  | 

Словенечката демоктратска странка собрала доволно потписи на грѓани со кои парламентот е должен да распише референдум за достапност во државниот архив, особено на материјалот за делувањето на словенечката Удба.

Партијата на екс премиерот Јанез Јанша собрала повеќе од 40.000 потписи, што е доволно за распишување на референдум за измена на законот за државниот архив, кој го донесла владата и парламентот на почетокот на годината.

СДС тврд дека со прифаќањето на законот на перфиден начин се затвара архивот за истражувачите, посебно за оние кои истражуваат документи за делувањето на некогашната служба за безбедност во екс Југославија, и дека на тој начин се израмнуваат жртвите и виновниците.

Петицијата со потписите со која се очекува поништување на донесениот закон, ќе се достават во парламентот наредната седмица, а се очекува референдумот да биде распишан на 25-ти мај, денот кога се избираат членови за Европскиот парламент од Словенија.

Владата негира дека со измените во законот, државниот архив е затворен за истражувачите, а од неодамна објавувањата на архивската документација се и на интернет.

Во сегашниот државен архив се наоѓаат околу 400 должни метра материјали кои се однесуваат на таа служба, а спрема некои сознанија таа архива е периодично уништувана и тоа не само пред демократските промени во 1990, туку и уште порано, рекол словенечкиот министер за култура Урош Грлич во словенечкиот парламент.

Спрема неговите зборови, постојат сомнежи дека се уништени три четвртини од материјалот за делувањето на Удба, односно дека се сочувани досиеја само за 4000 лица кои за време на комунизмот биле под политичка контрола на таа служба, а дека 13000 досиеја се исчезнати.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top