„Нема да предизвикаме војна со Русија“

Дипломатски активности за решение

 |  инфодеск  | 

Американскиот претседател Барак Обама вчера ја исклучил можноста за американско вклучување во случувањата во Украина, заговарајќи дипломатско решение во спорот помеѓу Русија и Украина за Крим.

„Нема да се вовлечеме во воен излет во Украина“, рекол Обама во интервју за една американска телевизиска станица. Нема да предизвикаме војна со Русија“, нагласил американскиот претседател.

Обама, кој претходно воведе санкции за 11 официјални лица од Русија и Украина, рекол дека САД ќе ги поддржи дипломатските активности како би се направил притисок на Русија.

„Постои подобар пат и мислам дека и Украинците гледаат дека не би било добро Русија воено да се ангажира, тоа не би било добро и за Украина“, порачал Обама.

Истовремено најавил и додатни санкции во следните неколку дена.

Ако Русија не попушти под меѓународниот притисок, „можете да очекувате повеќе мерки во областа на стопанството, во соработка со нашите европски сојузници, а кои би имале значаен ефект кој ќе го почувствува руското стопанство“, рекол американскиот претседател.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top