Измамниците не седат со скрстени раце

Не отварајте опасни линкови!

 |  инфодеск  | 

Кога се појавуваат потенцијални катастрофи, на измамниците можат да им донесат големи заработки.

Додека и понатаму се трага по авионот на малезиската авио-компанија кој мистериозно исчезна пред десетина дена, некои измамници одлучиле да ја искористат оваа прилика и да заработат пари ширејќи линкови со лажни вести за тоа дека авионот е пронајден.

Станува збор за слично сценарио како и порано во разни трагедии, како што беа цунамите во Јапонија или земјотресот на Филипини, кога по интернет се проширија лажни линкови со наводни вести поврзани со овие трагедии (наместо вести, тие страници често беа полни со malwаre), односно измамниците отвараа лажни страници за донации за жртвите, при што парите оделе во нивните џебови.

Тоа функционирало така што корисникот пред да ја прочита веста пополнува кратка анкета која е идентична на оние од Фејсбук каде од корисникот бараат дозвола за пристап на профилот. Со дозволувањето за пристап на профилот, измамниците имаат пристап до личните податоци како што е меил адресата или број на телефон а потоа тие можат да се искористат во понатамошни измами.

Иако од Фејсбук објавија дека ги елиминирале тие линкови од нивната мрежа, сепак сигурносните експерти предупредуваат да се избегнуваат линкови кои можат да се шират по мејл, твитер и други социјални мрежи кои на корисниците можат да им предизвикаат многу проблеми.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top