Промената на насоката на летот на Боингот 777 на малезиската компанија, е направена 12 минути пред копилотот да се одјави од контролата на летање во Куала Лумпур, пренесува NBC News.
Тоа ново откритие ги отвара повторно претпоставките дека мистериозното пренасочување на авионот е однапред планирано и направено од самата пилотска кабина на авионот, пред да се прекине контактот со контролата на летање.
Сепак и тоа не сугерира дека авионот е грабнат. „Некои пилоти го програмираат алтернативниот план на летање во случај на итна потреба од тоа“, предупредил Грег Фејт, истражител на воздухопловни несреќи од американската национална комисија за транспорт.
„Не знаеме дали тоа бил алтернативниот план да се вратат во Куала Лумпур или авионот да се одведе на друго место а не во Пекинг“, додава Фејт.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град